Радио Милева Ретка глетка

Богдана се пофали со витката линија во бикини и покажа дека е секси мама на плажа (фото)

Богдана се пофали со витката линија во бикини и покажа дека е секси мама на плажа (фото)

Убавата сопруга на Вељко Ражнатовиќ многу се грижи за својот изглед, а за својата топ форма може да се заблагодари на редовните тренинзи.

Оваа млада мајка го користи секој слободен момент за да оди во теретана, а бидејќи и Вељко е посветен на тренинзите секојдневно, овој начин на живот не им е непознат, па совршениот изглед на Богдана Ражнатовиќ не е големо изненадување.

Иако е познато дека снаата на Цеца не се експонира претерано во јавноста, а нејзиниот профил на „Инстаграм“ е резервиран само за нејзините најблиски пријатели, повремено на социјалните мрежи се појавува фотографија од оваа убавица која предизвикува многу воздишки.

Сега на една од фан страните на Богдана се појави слика од плажа, каде таа позира во тренди бикини кои одлично ги истакнуваат нејзините облини и во кои, во најмала рака, изгледа прекрасно.

Обожавателите беа воодушевени од она што го видоа, па оставија бројни комплименти за извајаната фигура на Богдана.

фото:Инстаграм

To top