Радио Милева

Лондон на нозе: Хари и Меган се вратија во Англија, а позната е и причината…

Лондон на нозе: Хари и Меган се вратија во Англија, а позната е и причината…

Хари и Меган се вратија во Велика Британија. Во Лондон пристигнале во саботата, во раните утрински часови, но децата не биле со нив.

Како што претходно беше најавено, ова патување е од деловен карактер. За време на краткиот престој, ќе ги посетат седиштата на хуманитарните организации со кои соработуваат, а предвидена е и посета на Манчестер, каде ќе учествуваат на „One Young World Summit“, заедно со претставници од 190 земји.

Таму ќе бидат и канадскиот премиер Џастин Трудо, познатиот готвач Џејми Оливер, Сер Ричард Бренсон и многу други.

Планиран е и еден ден во Германија, каде што следната година ќе се одржат игрите Invictus, чиј покровител е Хари.

Не е познато дали парот ќе има време да отиде во Шкотска, поточно замокот Балморал, за да ја посети кралицата Елизабета, која традиционално таму го поминува својот летен одмор.

Инаку, ова е нивна прва посета на Велика Британија по платинестиот јубилеј одржан на почетокот на јуни.

фото:getty images/profimedia

To top