Мегафон

Познати сите финалисти на „Евровизија 2018“ (ВИДЕО)

Познати сите финалисти на „Евровизија 2018“ (ВИДЕО)

Со одбирањето на последните десет финалисти во рамките на вчерашната втора полуфинална вечер, комплетиран е списокот со претставниците на 26-те земји, чии композиции утревечер ќе се натпреваруваат за титулата Песна на Евровизија за 2018 година. Од осумнаесетте полуфиналисти вчера, пласман за финалето си обезбедија: Србија, Молдавија, Унгарија, Украина, Шведска, Австралија, Норвешка, Данска, Словенија и Холандија, а натпреварот е завршен за: Романија, Сан Марино, Русија, Грузија, Полска, Малта, Летонија и Црна Гора.

На вчерашната конференција за медиумите беше утврден и редоследот за настапи за саботното финале, така што вечерта ќе ја отвори украинскиот претставник Меловин, а последни, 26. по ред ќе настапат италијанските претставници Ермал Мета и Фабрицио Моро. Од земјите од соседството што се квалификуваа за финале, повторно ќе ја видиме словенската претставничка Леа Сирк, која настапува под реден број 3, српската група „Балканика“ ќе ја видиме десетта, Албанецот Еугент Бушпепа е 12., а бугарската група „Еквинокс“ ќе настапи осумнаесетта.

01. Украина
02. Шпанија
03. Словенија
04. Литванија
05. Aвстрија
06. Eстонија
07. Норвешка
08. Португалија
09. УК
10. Србија
11. Германија
12. Албанија
13. Франција
14. Чешка
15. Данска
16. Aвстралија
17. Финска
18. Бугарија
19. Mолдавија
20. Шведска
21. Унгарија
22. Израел
23. Холандија
24. Ирска
25. Кипар
26. Италија
Во рамките на големото финале конечно ќе го видиме и минатогодишниот победник Салвадор Собрал, кому во декември му беше извршенa трансплантација на срце,  а сцената во арената „Алтис“ во Лисабон ќе ја подели со бразилската легенда Каетано Велозо.

Инаку, обложувалниците и понатаму предвидуваат победа за кипарската претставничка Елени Фуреира, која доколку триумфира на годинашниот фестивал, ќе ја обезбеди првата победа за својата земја. Кипар се вклучи во натпреварот во 1981 година и досега настапувала вкупно 35 пати, од кои 29 со пласман во финалето. Најдобриот пласман со освоено 5. место го имаше три пати, во 1982, 1997 и во 2004 година. Веднаш зад неа е Израелката Нета Барзилаи, чиј хит „Toy“ два месеца беше на првото место според обложувалниците, а меѓу најдобрите пет (засега) се и Франција, Литванија и Шведска.

Како и претходните две вечери, така и финалната вечер ќе биде пренесувана во живо на првата програма на МРТ, утревечер (сабота, 12 мај), со почеток од 21.00 часот.

Извор: РадиоМК

To top