Вчеравечер, 04 септември 2022 во еден познат скопски елитен локал, портпаротлот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски правешесвадбена веселба со убавата струмичанка Соња, со која по неколку годишна врска, лани склучи граѓански брак.
Во меѓувреме, Соња и Димса се остварија во улогата на родители, откако како круна на нивната љубов, на свет дојде и малиот Давид кој е во центарот на нивното внимание и е непресушен извор на среќа и задоволство на семејството.
Овојпат заљубениот пар направил свадбена забава за која уште долго ќе се зборува.
Невестата била совршено стилизирана од глава до петици и променила две венчаници. Првата ја следи нејзината линија на телото, завршува со длабок шлиц, а во горниот дел е оплеменета со безброј пердуви. Косата и била пуштена и извиткана во бранови.
Во вториот дел од вечерта таа заблескала во куса бела венчаница со светкави украсни каменчиња, а косата ја собрала во пунџа.
За музиката бил задолжен македонскиот диџеј Пачно, аладите првиот свадбен танц го одиграле на светскиот евергрин „Just the two of us“.