Вечерва со почетокот од 19:30 часот, во НУЦК „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, започнува Првиот интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев “- Неготино (05.09 – 09.09.2022год.) е единствениот фестивал на ДУОДРАМА во Македонија.
Фестивалот е во организација на Општина Неготино и Театар Провокација – Скопје. Главен покровител и иницијатор за истиот е Општина Неготино. Концептот и логистиката за фестивалот се на „Театар Провокација“.
На фестивалот ќе бидат доделени следниве награди: награда за најдобра машка улога, награда за најдобра женска улога, најдобра режија, специјална награда и ГРАНД ПРИ.
Жири комисијата е во состав: Благоја Чоревски – Чоре (актер), Мирјана.П.Ристов (актерка) и Билјана Крајчевска (драматураг), секој докажан во својата област!
Селектор на фестивалот е актерот и режисер Роберт Ристов. Ова е неговата селекција на претстави за овогодинешниот фестивал:
Претставите ќе бидат одиграни по следниот редослед:
05.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
„КИСЛОРОД“ , според текст на Иван Вирипаев
Режија: Иван Јерчиќ
Играат: Викторија Степанова-Јанкуловска и Никола Стефанов
НУ НАРОДЕН ТЕАТАР – Битола
06.09.2022 од 19:30 во КАФЕ БАР АМАРО
„АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО“ – Валентин Красногоров
Режија: Александра Кардалевска, драматург: Дарко Спасов
Играат: Жаклина Петровска и Тони Денковски
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА – Скопје
06.09.2022 од 21:00 во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
„ОЖЕНИ МЕ“, по мотиви од сценаријата: „Ожени ме“, „Храна и Вино“ и „Брачна приказна“
Режија: Роберт Ристов. Играат: Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов
ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје
07.09 од 19:30 во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
ГРЕТА –според: Луц Хибнер и Јохан Волфганг Фон Гете,
Режија: Тамара Стојаноска. Играат: Димитрина Мицкоска и Ане Блажоски
ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје
08.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
МОЈОТ СОПАТНИК СТРАВОТ – Иван Томашевиќ
Режија: Иван Томашевиќ. Играат: Анета Томашевиќ и Иван Томашевиќ
СЦЕНА МАСКА, Р. Србија
09.09.2022 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
19::30 ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
20:00 STAND UP COMEDY со ТИНО и АТАНАС (во чест на наградените)