Радио Милева на врвот

Оваа жена лани заработила 240 милиони евра со продажба на интимни фотографии (фото) 

Оваа жена лани заработила 240 милиони евра со продажба на интимни фотографии (фото) 

Старлетата Блак Чина, инаку поранешен член на семејството Кардашијан, е прогласена за „кралица“ на популарната платформа „Онли фанс“, бидејќи минатата година, според некои статистики, за една година заработила 240 милиони долари.

Според истражувањето на магазинот „Статиста“, 34-годишната мајка на две деца во 2021 година заработувала 20 милиони долари месечно, што ја прави најуспешната креаторка на платформата.

Чина, која  лансираше на „Онли фанс“ во април 2020 година, наплаќа месечна претплата од 19,99 долари, што им дава на корисниците ексклузивен пристап до мешавина од нејзините експлицитни фотографии и видеа.

Како што истакна магазинот „Variety“, актерката Бела Торн е втората највисока заработка на „Онли фанс“во 2021 година со проценети 11 милиони долари месечно. Нејзината стапка на претплата сега е бесплатна, но таа наплаќа за ексклузивна содржина.

Раперката Карди Би се најде на третото место со 9,34 милиони долари месечно. Претплатата на раперката чини 4,99 долари. Наместо да објавува експлицитни видеа и фотографии, таа ја користи платформата за споделување „лични содржини“ како делови од нејзиниот приватен живот и прашања и одговори со обожавателите.

Фото:Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм/bellathorne/tanjug

To top