Поранешната манекенка Џенис Дикинсон беше секс симбол, желба на многу мажи, а жените ширум светот се восхитуваа на нејзината убавина. Таа гордо истакнува дека е првиот светски супермодел, а потоа станала зависна од ботокс.
За жал, јавноста имаше можност да види дека од нејзината природна убавина не остана речиси ништо бидејќи прекумерната употреба на ботокс и пластични операции оставија трага на нејзиното лице.
Џенис последен пат беше фотографирана во јавност на еден настан на почетокот на годината.
Сепак, најголемо внимание привлече нејзиното лице, кое моделот го менува повеќе од три децении со помош на естетски зафати.
Денес Џенис има 67 години, може да се пофали со фит фигура, но од друга страна очигледно е дека премногу пати поминала под нож. Нејзиното лице е затегнато до тој степен што Џенис едвај ги држи очите отворени, додека устата и е крајно деформирана.
View this post on Instagram
Соработуваше со бројни познати брендови и ги красеше насловните страници на влијателни списанија – на насловната страница на „Вог“ се појави сама 37 пати.
View this post on Instagram
Но, желбата за вечен кул изглед била посилна од се’, поради што Џенис направила низа пластични операции и на тој начин ја уништила својата природна убавина.
Денес, таа е во брак со психијатарот Роберт Гернер, кој е шест години постар од неа, кого го запознала во 2012 година на состанок на слепо.
Токму Гернер и беше најголемиот поддржувач на оваа дама додека таа се лекуваше од рак на дојка во 2016 година и поминуваше низ хемотерапија, а откако ја надминаа оваа криза си размениле брачни завети.
Со Џенис се поврзува и скандал со познатиот актер Силвестер Сталоне. На почетокот на 90-тите Сталоне веќе беше во врска со сегашната сопруга Џенифер Флавин, а потоа преку писмо ја „извести“ дека раскинува со неа поради Џенис.
Таа во 1994 година ја родила ќерката Савана, а Силвестер верувал дека таа е негова ќерка, па по раѓањето и го дале презимето. Актерот и Џенис беа свршени шест месеци, а неколку недели откако манекенката се породи, раскинаа, бидејќи ДНК тестот покажа дека Сталоне не е татко на Савана. После тоа, Џенис ја изненади јавноста кога во нејзината автобиографија од 2002 година, No Lifeguard On Duty, откри дека спиела со тројца мажи во рок од само неколку дена.
View this post on Instagram
Излегува дека таткото на нејзината ќерка е филмскиот продуцент Мајкл Бирнбаум. Џенис го има и синот Нејтан Филдс од бракот со телевизискиот продуцент Сајмон Филдс.
фото:Профимедиа/Инстаграм