Поранешната „ураганка“, пејачката Сања Вучиќ повеќе не ја крие врската со избраникот Ненад Цицмила.
Сања и нејзиното момче отишле на свадба на која имало многу познати личности, а многу од нив снимиле моменти од прославата на која се гледаат пејачката и бизнисменот.
Вучиќ облекла црн фустан кој го споила со високи потпетици, додека Ненад е во свечен костум. Тие двајца цело време си разменувале милувања, се бакнувале и гушкале, па дури и танцувале на подиумот.
Инаку, Ненад наводно е сопственик на локалот во кој настапувала пејачката и така се запознале.
И двајцата на Инстаграм објавија фотографии од свадбата на нивната пријателка, а во еден момент раката на Сања заврши на лицето на Ненад, а тоа тој го снимил.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/sanjalilwolf