Синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан не крие дека ужива во љубовта со својата свршеница Бојана Родиќ, со која очекува уште еден син.
По долго чекање, парот ја воодушеви јавноста кога објавија дека наскоро ќе стапнат на лудиот камен кон средината на овој месец.
Имено, Мирко живее со својата свршеница и синот Зоран во семејната куќа во Сурчин, но поради пандемиските мерки парот до сега не можеше да организира свадбена веселба.
Сепак, младите родители успеаја да се усогласат, па во изминатите неколку недели ги правеа последните подготовки за на 15 септември пред своите најблиски да се заколнат на вечна љубов.
Гоца во таа прилика беше прашана како течат свадбените подготовки, како и колку им помага на снаата и синот да ја организираат прославата. Сепак, таа откри дека се почастила со одмор, и дека воопшто не размислува за бракот на нејзиниот син.
– Ако ми верувате, не се подготвувам за ништо. Во моментов не сум во Србија, на море сум и не сакам да размислувам за ништо – изјавила пејачката.
-Заминав на одмор и додека сум тука не сакам да се занимавам со подготовки за свадбата на Мирко. Кога ќе дојдам во Србија, тогаш ќе размислувам за свадбата, сега сакам малку да уживам – објаснила Гоца.
Од друга страна, Бојана со нетрпение чека да облече бело а тоа го потврди кога на социјалните мрежи сподели фотографија на која е насмеана во венчаница.
Имено, таа го посетила салонот за венчаници со својата сестра и пријателите, а откако го избрала соодветниот фустан за најсреќниот ден во животот, вереницата на Шијан ја споделила својата среќа со следбениците на Инстаграм.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Гоца Божиновска/Бојана Родиќ/Пинк ТВ