Софија Вергара има 50 години, а сè уште важи за најатрактивната жена на светот. Со својата бујна биста привлекува внимание каде и да се појави.
Атрактивната актерка Софија Вергара е член на жирито на Американскиот суперталент, каде гледачите имаат можност да ја видат во различни изданија.
Таа неодамна на својот Инстаграм профил сподели предизвикувачка фотографија која ја направила во споменатата емисија.
Имено, таа носеше впечатлив тесен портокалов фустан, кој ја истакнува нејзината бујна биста и облините.
Портокаловата боја на фустанот направи одличен контраст со нејзиното исончано тело, што ја направи уште попривлечна.
Жешката комбинација ја зачини со големи обетки со интересни детали, додека косата ја навлече во опавче. Додека усните ги истакна со светло црвен кармин.
Инаку, Вергара зачекори во 6-та деценија, а на 50 години изгледа извонредно. Таа е позната и како една од најсексапилните жени на светот, а овој пат уште еднаш ја оправда таа титула.
Нејзините следбеници секогаш се воодушевени од фотографиите што ги додава и често ја споредуваат со божица.
Она што е многу впечатливо кај неа се нејзините бујни гради кои баш и не и се допаѓаат.
View this post on Instagram
“Тие се навистина големи и понекогаш поради тоа изгледам како проститутка. Што да правам, ги наследив од мајка ми”, рекла еднаш актерката.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/sofiavergara/Профимедиа