Радио Милева тажно сеќавање

Поминаа 39 години од трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа пејачката Сашка Петковска – Липша и три члена на балетската група “Авона”

Поминаа 39 години од трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа пејачката Сашка Петковска – Липша и три члена на балетската група “Авона”

Се навршија 39 години од трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа Сашка Петковска и тројцата членови на балетската група  „Авона“.

Са­шка Пе­тков­ска-Липша, жената со најубавиот глас на сите времиња. За­ги­на­ на 32-го­диш­на во­зраст, во кобна сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе, на 31-ви август (среда) 1983-та го­ди­на. Зад се­бе ги оста­ви со­пру­гот Ма­рио Лип­ша и две­те ќер­ки Сандра и Леа. Марио почина годинава, 2022, на 25 мај.

Сашка имаше плодна кариера, безвременски глас, ѕвезда и харизма благодарение на која важеше за една од омилените пејачки на југословенската сцена. Пленеше и со стилот. Секогаш авангардна, дама со изграден и софистициран стил, која светските трендови ги носеше директно на регионалната сцена. Таа беше и членка на легендарната вокално-инструментална група „Македонија” предводена од трубачот Благој Чешларов, заедно со Даниела Панчетовиќ, Кирчо Поп Лазаров, Зорица Поп Панкова, Верица Ристевска, Панче Кочовски. Нејзините евергрини „Бакни ме”, „Чао, адио”, „Пушти ме како птица”, „Запри срце”, „Никогаш никогаш”, „Гриша”, „Сеќавања”, се лектири на македонската и југословенската поп сцена.

Покрај единствената Сашка во тешката сообраќајна несреќа животите ги загубија и тројца членови на балетската група „Авона“: Вељко Павичевиќ (1957), Петранка Несторовска (1956) и Евдокија Алексова (1961).

Балетската група „Авона“ остави белег со своето работење кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години. Македонските „локици“ се разликуваа од своите колеги по тоа што во редовите го имаа и Вељко Павичевиќ. Во првата постава беа Фроска, Пепи, Жане, Бети и Вељко. Подоцна се приклучи Вељка и Еви. „Авона“ како балетска група во своите настапи придружуваше повеќе југословенски и македонски естрадни имиња, а настапуваа и на модни ревии како фотомодели и на „Скопски фестивал“.

Спомените болат, но секогаш се тука, за ваквите великани никогаш да не заминат во заборав. Насловната страна на весникот Вечер која ја обзнанува трагичната вест е од 02.09.1983 година.

 

To top