Радио Милева младешки изглед

Шерон Стоун не се жали, туку ужива во 7-мата деценија и гордо го покажува своето тело (фото)

Шерон Стоун не се жали, туку ужива во 7-мата деценија и гордо го покажува своето тело (фото)

Познатата холивудска актерка Шерон Стоун (64) ги воодушеви фановите на Инстаграм кога објави фотографија во бикини и ја покажа својата неверојатна фигура.

– Зошто секогаш сум во форма кога летото ќе заврши? – се пошегува актерката во описот на нејзината фотографија на Инстаграм.

Некои обожаватели коментираа дека таа е секогаш во форма. Актерката реши да ја подигне температурата летово бидејќи веќе во јуни позираше во костим за капење.

Едно е сигурно, а тоа е дека Шерон е убава и во седмата деценија од животот. Актерката го покажа својот младешки изглед и долгите нозе годинава во Кан, а многумина би се согласиле дека со текот на годините изгледа сè подобро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

На 43 години (2001) и на врвот на кариерата доживеа тежок мозочен удар од кој едвај се опорави, а призна дека после тоа едвај се вратила во светот на шоу-бизнисот и дека наишла на ладен дочек во Холивуд.

– Луѓето се однесуваа со мене брутално и нељубезно.  Од други жени во овој бизнис до судијката која беше задолжена за случајот за старателство над моето дете. Мислам дека никој не разбира колку е опасен мозочниот удар за жените и што е потребно за да се опорави. Ми требаа околу седум години за целосно да закрепнам – изјави Стоун за „Варајети“ минатата година.

Фото:Принтскрин/Инстгарам/sharonstone

 

To top