Луна Ѓогани наводно била оперирана во КБЦ. Имено, како што се наведува, поранешната реалити учесничка имала интервенција на градите.
– Луна денеска ги оперираше градите. Таа беше првата пациентка на која и беше извршена операција. За интервенцијата биле задолжени двајца лекари. По операцијата нејзината состојба е стабилна – тврди изворот.
Во оваа прилика се огласи сопругот на Луна, Марко Миљковиќ, преку Инстаграм и откри како поминала операцијата, како и состојбата на Луна.
– Вистината е! Наскоро Луна ќе се огласи и ќе објасни зошто се оперирала – напиша Миљковиќ и додаде:
– Во суштина, се помина добро – напиша тој на социјалната мрежа.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Луна Ѓогани/Марко Миљковиќ