Радио Милева

Погледнете како изгледа вилата во која се снимаше „Жикина династија“ и „Кукавица“ на Цеца!

Погледнете како изгледа вилата во која се снимаше „Жикина династија“ и „Кукавица“ на Цеца!

Во белградската населба Дедиње се наоѓа куќата во која се снимaa повеќе од 40 филмови, серии, реклами, спотови. Малкумина знаат што има во оваа вила и кој е сопственик на истата.

Околу вилата има шума, а во 1939 година ја изградил инжинерот Јован Краљевиќ.  На фасадата има монограм ОЈК, кој ја претставува Оливера, сопругата на Јован, а К е презимето Краљевиќ.

Во вилата има повеќе од 20 соби, трепезарија,  пет бањи и голем салон за гости. Има клавир кој е стар 120 години, а собите се уредени со винтиџ мебел.

Во оваа вила Цеца го снимаше спотот за песната „Кукавица“, а позната е по тоа што и таму е снимен филмот „Жикина Династија“, домот на Милан и Јелена.

Видеото погледнете го тука.

фото:принскрин/блиц

To top