Радио Милева убиствен инстинкт?

Се огласи Маријана, сестрата на Северина: „Ме прободе со остар предмет… Таа веќе подолго време конзумира наркотици“ (ФОТО)

Се огласи Маријана, сестрата на Северина: „Ме прободе со остар предмет… Таа веќе подолго време конзумира наркотици“ (ФОТО)

Сестрата на Северина Вучковиќ, Маријана Поповиќ, ја пријавила за насилство, а сега откри што се случувало во станот на нивната мајка Ана Вучковиќ.

Маријана шокираше со изјавата дека нејзината сестра Северина е личност која користи наркотици и дека и треба психолошк0-психијатриска помош:

„Крајно сум потресена од убиствениот инстинкт за семејно насилство и не сакам да ги коментирам платените и срамни текстови од нејзиниот ПР тим. Тешко е за едно семејство со некој кој долго време консумира разни наркотици, а не сака да подлежи на психолошка поддршка и третман. Проституирањето на сопствената личност во медиумите на штета на имиџот на семејството е уште еден девијантен психолошки испад на дотичната“ – изјавила Маријана за ТВ Дневник Нова и продолжила со подеднакво обвинувачки тон.

„Постојано напаѓање на семејството, на наставници, социјални работници, поранешни партнери… Таа не е со ‘чиста глава’, а институциите не преземаа ништо во изминатите четири месеци по мојот уредно писмен извештај и предупредување. Затоа нападот сношти беше само последица… Преку несогледување на овие работи од мојата претходна пријава до социјалниот центар Максимир и управителот Јасна Чесарец, МУП Максимир и ДОРХ“ – изјавила сестрата.

Маријана раскажа како во неколку наврати добивала заканувачки телефонски пораки. Таа вели дека ги доставила до сите институции.

„Ова сега е резултат на негрижа на институциите. Им ‘благодарам’ на државните институции, на хрватското Министерство за внатрешни работи, на јавниот обвинител ДОРХ што се одбранив од остар предмет и добив убодна рана од агресивно и психички растроено  сомнително лице. Да се ​​избоде член на семејството и да не се јави на 911 е планот со кој таа дошла да го направи тоа“ – резимира Маријана.

Адвокатката на Северина, Јасминка Билош изјави дека Северина не е уапсена, туку била само приведена и дека сега е на слобода. Таа даде изјава во полиција во врска со кривичната пријава што против неа ја поднесе нејзината сестра. И ркла дека и Северина исто така ќе поднесе кривична пријава против сестра и Маријана.

Фото: Фејсбук и Јутјуб принскрин

To top