Радио Милева Снаа и свекрва

Паднаа маските: Најпосле откриено зошто мајката на Жељко Јоксимовиќ и снаата Јована не се поднесувале

Паднаа маските: Најпосле откриено зошто мајката на Жељко Јоксимовиќ и снаата Јована не се поднесувале

Откако ја започнаа врската, а потоа се венчаа, Јована и Жељко Јоксимовиќ се пар кој е интересен за медиумите, а она што особено ја интересира јавноста е односот на Јована со родителите и братот на Жељко.

Како што пишува „Свет“, водителката никогаш не зборувала за семејството на нејзиниот сопруг, додека мајката на Јоксимовиќ и сопругата на неговиот брат биле позборливи:

– Што значи семејство? За некој да биде член на вашето семејство, треба да го заработи тоа. Ние тројца сме семејство. Некои пријатели ги сметам за мое семејство, а моите се толку многу и хармонични, така што љубовта ми е доволна – изјавила снаата на Жељко на прашањето дали Саша е близок со брат му Жељко.

Уште поголемо внимание привлече изјавата на мајката на Жељко Јоксимовиќ пред неколку години:

– Јована е токму типот на девојка што му се допаѓа на Жељко. Некое време ја гледав многу често, бевме многу блиски, но откако во весник објавив дека сакам внуци – се оддалечивме. Потоа излезе насловот „Мајката на Жељко откри дека Јована е бремена“, тоа беше чиста лага, а јас не бев ниту виновна ниту одговорна за штетата. Изгледа дека не можеше да ми го прости тоа и оттогаш постои одредена дистанца меѓу нас – изјавила тогаш Весна Јоксимовиќ, пренесува „Свет“.

Во таа прилика мајката на Жељко ја спомена и неговата поранешна сопруга, а и на Јована и забележа:
Следните години ниту свекрвата, ниту снаата не сакаа да зборуваат за нивната врска, меѓутоа, пред неколку месеци на прославата на педесеттиот роденден на пејачот, Јована срдечно ги пречека родителите, а со тоа се претпоставува дека ги оставиле своите несогласувања зад себе.

фото:ATA Images/Инстаграм

To top