Поранешната членка на групата „Моделс“ Ивана Стаменковиќ Синди избра скапо парче облека за кое сега сите зборуваат.
Синди секогаш блеска и пали со својот атрактивен изглед, но еден нејзин фустан особено е тема на разговор. Таа се појавила во брендирана тоалета за која, судејќи според веб-страниците, потрошила 3.000 евра.
Обожавателите на некогашната членка на атрактивната женска група „Моделс“ забележале дека Ивана не носи ниту гаќички под тесниот фустан.
„Најдобрата риба“, „Брутална“, „Бомба“, се само дел од коментарите.
Инаку, Ивана и тоа како се грижи за својата линија, за која своевремено зборуваше.
„Тренирам, се грижам за исхраната, и се што е поврзано со изгледот.Од естетски корекции, само корекција на градите после породувањето. И пред тоа имав големи гради, но по породувањето, се разбира, не личат на ништо, па морав“, заклучила Синди во една емисија.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/sindi_models