Мегафон

„Пиволенд“ се враќа на скопскиот плоштад „Македонија“

„Пиволенд“ се враќа на скопскиот плоштад „Македонија“

По неколку години пауза, оваа година се враќа скопскиот пивски фестивал „Пиволенд“. Овогодинешното издание ќе се одржи од 31-ви август до 4-ти септември на плоштадот „Македонија“. Програмата ќе трае пет дена на 2 сцени со повеќе од 50 артисти. И се разбира над 100 видови пиво. Влезот за сите фестивалски денови е бесплатен.

Организаторот досега потври десетина познати изведувачи од земјава. На главната бина ќе настапат: „Banda Entopica“ и „Фолтин“ (31.08), „ДНК“, Принц, Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ (01.09), „Ареа“, „Conquering Lion“ и „Funk Shui“ (02.09), Бени и „Нон Стоп“, „Shine“ (03.09) На craft бината ќе настапат: „Преку рид“ (31.08), „Последен удар“ и „In the mood“ (03.09), Лара Иванова (04.09).

Фестивалот последен пат се одржа во 2017 година на Скопско кале, кое беше традиционална локација за овој фестивал.

To top