Роналдо има намера да вложи 20 милиони евра во изградба на луксузна вила, но има еден проблем кој се обидува да го реши што е можно побрзо.
Роналдо не е задоволен со тоа што покрај неговиот имот се наоѓа терен за голф и зграда која му го расипува убавиот поглед.
Англиските медиуми објавија дека Роналдо ќе инвестира дополнителни 10 милиони евра за да го реши проблемот, односно да ја урне зградата која му пречи.
Газдата на голф клубот веќе добил понуда од страна на адвокатите на Роналдо, но засега не дал никаков одговор.