Лето е, па да не се соблечеш по костим за капење, исто како да си го преспал, а летото да те одминало. Затоа дамите од домашната естрада решија да го покажат она што наголемо го подготвиле уште од претходно – најновите модели на костими за капење кои совршено се вклопуваат во трендот. А, трендот ова лето вели дека кај нас во мода се бикини со животински или попрецизно, со змијски принт!
Нивните бикини покрај морската или езерската вода и се’ што е влажно, што е уште поважно ќе ги впијат и илјадниците машки погледи и она што во нивниот костим за капење удобно сместено лежи, а и оној што не ги видел во живо, ќе ги види на социјалните мрежи!
Ваквиот проверен рецепт за летна еротска егзотика во дадена прилика го искористија две атрактивни македонски фолкерки кои веројатно случајно во исти бикини со змијски принт ги сместија бујните облини.
Македонската фолкерка Сања Ристеска и ова лето остана достојна да ја сподели својата телесна убавина. Годинава карантини, протоколи, забрани… немаше, па затоа русокосата убавица и тоа како имаше што да покаже.
Русокосата фолкерка не дека и досега не покажала со што располага. Најдоброто од себе кога е во прашање телесниот раскош, атрактивната прилепчанка секако го покажува на плажа, па го споделува на социјалните мрежи. Расна, стројна, бујна, во снагата и телесните атрибути и однапред и особено одзади, Сања знае „од папучи ги извади“ нејзините следбеници на социјалните мрежи со споделените бикини летни фотографии.
Така е отсекогаш, така е и овој пат, кога пејачката решила да направи нова летна фотосесија во која ја покажала сета своја телесна чудесија… И тоа во она што е хит, бикини со змијски принт. Неодоливо привлечна и пожелна, својата расна телесна убавина фолкерката ја вкомпонирала во летниот пејсаж во кој русокоса убавица со извајана обла задница, ем ќе му го „освежи“, ем долго ќе му го задржи погледот на секој вистински маж.
Арно ама, дека „змијската кожа“ ова лето е во тренд покажа уште една македонска фолкерка во истиот сегмент… Само во различен амбиент! Истите мини бикини со змијски принт, и во нив сместени бујните облини на битолската пејачка Марија Луиса Тодоровска. Само еден поглед на „надарената“ пејачката распослана на песокот на брегот крај морската шир, буди „сладок немир“.
Од која страна и кој агол да ја погледнете додека лежи, цицлестата битолчанка по цело тело ќе ве наежи, се разбира ако сте еден од оние вистински мажи… Или евентуално од „модерните“ дами со поинакви сексуални погледи, желби и определби.
Дури и нејзината верна другарка, македонската „жешка задругарка“ Моника Јовановска со која пејачката го помина одморот на Црногорското крајбрежје се појави во ист костим за капење. Бикини со змијски принт, ист дезен само во поразлична боја и со можеби малку „псокромни мерки“ за разлика од двете фолкерки.
Е сега која каков змијски принт носи, кој(а) е питон, анаконда или кобра… Сеедно, секоја на свој начин е подеднакво добра! Останатото, зависи од вкусот.
Во секој случај и Сања Ристеска и Марија Луиса и без да им правите опсежна визуелна анализа, изгледаат ем модерно ем ултрасекси во змиското бикини во кое ова лето ги сместија своите телесни облини. На вас е да одлучите која фолкерка повеќе ќе ве бендиса – Сања или Марија Луиса?
Фото: Инстаграм принтскрин/sanjaristeskaofficial/luisa.todorovska/