Радио Милева Моден луксуз

Џеј Ло на венчавката променила три венчаници – не се знае која е поспектакуларна (фото)

Џеј Ло на венчавката променила три венчаници – не се знае која е поспектакуларна (фото)

Прославената 53-годишна актерка и пејачка за својот голем ден сменила дури три креации, а сите три се волшебни и многу луксузни.

Главната венчаница ја потпишува познатиот бренд Ралф Лорен, а се работи за модел кој ја следи линијата на телото до колена, по што се проширува во огромен вез полн со ситни рифли долг шлеп неверојатни шест метри.

Оваа креација е украсена и со јака, и проѕирна ткаенина со бели сатенски копчиња на задната страна, а Џеј Ло го комплетираше изданието со долг, бел вел, бидермаер од бели цветови и бисерни обетки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liv Sienne Fashion (@livsienne)

Останатите две венчаници се дизајнирани од истиот бренд, а се верува дека секоја чинела од половина милион до дури два милиони долари, бидејќи се рачно сошиени од најквалитетни материјали, а две од нив содржат скапоцени мониста и кристали.

Новопечената г-ѓа Афлек подоцна се пресоблече во поедноставна, но сепак неверојатна венчаница без ракави со длабоко деколте украсено со ситни циркони. Оваа креација имаше и шик вел налик на качулка, а пејачката носеше и дијамантски обетки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halo Sunless Boutique (@halo_glo)

За крај на големиот ден, Џенифер избра уште една спектакуларна креација, овој пат во шампањ боја. Фустанот, како и претходните два, ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината фигура на песочен часовник, а низ целиот е проткаен со мониста и бисери.

фото:Instagram

To top