Српскиот пејач Саша Ковачебвиќ кој е многу популарен особено кај женската популација која е и неговата најмногубројна публика, има мношто настапи во регионов, меѓу кои и неколку само ова лето и во Македонија. Првиот следен закажан за викендот, на 27 август 2022 во Лешок. Овој пат големата балканска музичка ѕвезда сцената ќе ја подели со некого со кого многу добро се познава и се блиски… пријатели!
Имено македонската мисица, модел и пејачка Кристина Димитриевска која патем има и потекло од овој крај, заедно со нејзиниот верен придружник ДЈ Боно ќе биде онаа која ќе ја загрева публиката пред на стапот на Ковачевиќ.
Случајно или намерно, овој пат патиштата на српскиот заводник и македонската убавица не смао приватно, туку и професионално им се вкрстија, а Кристина не само што оддамна овој настап на својот Инстаграм профил го најави, туку по повод дружбата на иста бина еве и што изјави:
Дека Кристина и Саша не се знаат од вчера, туку навистина се „стари пријатели“, е несомнено, па затоа мисицата не остава ништо на случајноста, особено во ваква „единствена прилика“ кога со него има ретка можност да ја дели и бината.
Патем Кристина не го пропушта ниту еден негов настап во Македонија…
Па така од Охрид, преку Прилеп, па се до Скопје… таа е таму некаде блиску до него во публика каде што српската ѕвезда настапува.
Фотографиите од пред две-три години, лани, па и ове најсвежите, се повеќе доказ дека Кристина и Саша се на… „образ до образ“!
Впрочем на Ковечевиќ му се „слабост“ разведените мисици, што го докажува со својата неколкугодишна врска со неговата актуелна девојка, Зорана Тасовац, некогашна српска мисица и бивша сопруга на доскорешното момче на Цеца, со кого таа има и ќеркичка.
На Кристина пак „слаба точка“ и се познатите пејачи, што е своевиден доказ пропаднатиот брак со Даниел Кајмаковски, како и дружбата со белградскиот заводник Саша Ковачевиќ.
Што значи дека сите можни предуслови се идеално исполнети, освен… доказот дека се повеќе од „само пријатели“? Е тоа дали Кристина Димитриевска и Саша Ковачевиќ се „приватно блиски“, ама „на пристојна дистанца“ или сепак меѓу нив постои некаква скриена, тајна романса, засега само некој од нив двајца може да негира и потврди.
Фотографиите на профилите на социјалните мрежи само ја интригираат и скокоткаат јавноста, ама сепак „зајакот лежи“ во доказите од стварноста… Која кaј и да е, бргу ќе потврди дали „каде што има чад, има ли и оган?“ или во реалност некој само „се шлепа“ на туѓа популарност?
Фото: Инстаграм принтскрин/sashakovacevic/kristina.dimitry