Една од најпознатите старлети во регионот Сораја Вучелиќ неодамна во Македонија ја избркаа од кафеана зашто не сакала да ја плати сметката, а веќе четири години има и забрана за влез во Србија, но тоа нималку не ја попречува својот избраник ужива на море во Црна Гора.
Сораја во најновата Инстаграм секси објава сега откри дека е многу среќна.
Старлетата објави неколку провокативни фотографии, а со една од нив стави опис во кој прашува: „Дали знаевте дека јас сум најсреќната жена на светот?“
Веројатно затоа што соништата и се оствариле, како што самата вели во наредната објава, каде Сораја во истата оскудна гардероба, разголена се распослала на креветот од хотелската соба, расположена и полна со енергија и свежина за долгата летна ноќ што ја очекува.
При тоа старлетата не открила со кого енергијата и свежината ги споделува, кој тоа во долгата летна ноќ до мугри ќе ја дружи, иако е повеќе од јасно дека остварувањето на соништата, треба да се заслужи!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/sorajavucelic