Пејачката Ана Николиќ не запира. Имено, откако се најде на удар на дел од јавноста и корисниците на социјалните мрежи поради нејзината изјава за припадниците на ЛГБТ популацијата, кои сочинуваат голем дел од нејзината публика, на Твитер ја „поткачи “ и нејзината колешка Сека Алексиќ, а сега таа брутално одговори.
Имено, Ана смета дека Сека, која вообичаено ја сметаат за голем верник, е контрадикторна во ставовите и жестоко ја нападна на нејзината приказна на Инстаграм каде објави и слики на пејачката од манастир.
– Ова е вистински пример за „парадирање“, мери со различен аршин.. Овој „верник“ парадира малку по манастири, малку парадира на геј парадата. Малку е контрадикторна. Како што кажав, јас не поддржувам никакво парадирање, а најмалку луѓе кои лажно се претставуваат… – порача Ана преку инстаграм приказни, а сега сите ја чекаат реакцијата на Сека.
Инаку, непосредно пред тоа, Сека на Твитер напиша: „Некои пејачки ги создадоа п*дерите, точка!“, поради што Ана очигледно ја задевала својата колешка.
– Веројатно требаше да се одржи таа парада на семејните вредности. Јас не ги осудувам геј луѓето. Но се што е проѕирно треба… Тоа го мислам за луѓето што ги носат тие ознаки. Ние православните христијани го носиме крстот и тоа е доволно. Се што е проѕирно, нема потреба од тоа. Како што сакаат сега да шетаат и да парадираат. Кој се грижи кој си ти? Јас го носам мојот крст и тоа е тоа. или сум геј или не сум геј.. зошто мора да е толку провидно? Го осудувам како и сите други.. не знам, тоа е нашиот менталитет. Јас сум против геј парадата како и црквата! Што сега јас што сум стрејт да шетам низ град и да кажам дека сум стрејт?! – изјави Ана за Курир.тв.рс.
фото:Принтскрин/Зиндовиќ/АТА Имаџес