Радио Милева „Луѓето не го ценат здравјето!“

Актерот Ештон Качер се бори со автоимуна болест- го изгубил видот, слухот и рамнотежата

Актерот Ештон Качер се бори со автоимуна болест- го изгубил видот, слухот и рамнотежата

Ештон Качер откри дека се бори со сериозна автоимуна болест која влијаела на неговиот слух, вид и способност за одење повеќе од една година – тоа е васкулитис.

Холивудскиот актер во видеото за претстојната епизода на National Geographic Channel – „Running Wild with Bear Grylls: The Challenge“ ексклузивно објавено од „Access Hollywood“ изјави дека има ретка форма на васкулитис што влијае на неговиот вид и слух и што ја нарушува рамнотежата.

„Ми требаше една година да го вратам сето тоа“, рече Качер, додавајќи дека не го цениме нашето здравје додека не ни се случи такво нешто, додека не се најдеш во ситуација кога се прашуваш дали ќе можеш да гледаш, слушаш и одиш повторно.

„Среќен сум што сум жив“, рекол актерот.

фото:Profimedia

To top