Долго време се шпекулираше за брачниот статус на Тамара Ѓуриќ, која пред една година роди ќерка со својот избраник Никола, на која и го дадоа името Тамара.
Како што откри изворот на Информер.рс, старлетата Тамара Ѓуриќ и Никола долго време не живеат заедно и веќе не се заљубени. Како што рекол извор близок на Ѓуриќ, Никола и таа се гледаат само околу детето.
– Тамара и Никола не се одамна во брак, се гледаат само околу детето. Функционираат одлично, но веќе не се заљубени. Тие дури и не живеат на иста адреса. Таа ми кажа дека тие се двајца сосема различни луѓе, но дека ќе останат добри пријатели. Сите знаат дека таа остана во најдобри односи со своето поранешно момче Макарон,така е и со Никола – открил извор близок до Тамара.
Во таа прилика Ѓуриќ се огласи и ги потврди овие наводи.
– Многу се зборуваше за тоа и не сакам повеќе да зборувам. Кој се грижи кој со кого спие?! Многу добро се согласуваме за детето. Со Никола не бевме венчани во општината, но сме најдобри родители – кратко прокоментира Тамара Ѓуриќ.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Тамара Ѓуриќ