Атрактивната „ураганка“ Ивана Николиќ од почетокот на кариерата е мета на коментари на социјалните мрежи.
Некои го фалат нејзиниот атрактивен изглед, други ги критикуваат интервенциите на нејзиното лице и тело, но сите се согласуваат во едно, дека таа е една од најубавите пејачки на естрадата.
Ивана претходно призна дека е „опседната“ со својот физички изглед и дека во себе гледа маани што другите не ги гледаат, но овој пат објави слика во опуштен стил – широка маица, бициклисти и без трошка шминка.
Да потсетиме, неодамнешната вест за распадот на групата растажи многу фанови. Популарната група ги освојуваше срцата на публиката уште од првата песна „Фаворито“ до сега, а веќе од есен нема да настапуваат .