Албанската судијка Емануела Руста го привлече вниманието на фановите на мечот меѓу Шахтер Солигорск и Марибор.
Правдата на реваншот во квалификациите за Лигата на шампионите ја делеше албанска четворка. Меѓу нив се издвои 28-годишната Емануела, која ја извршуваше задачата покрај аут-линијата како четврти судија
Албанкаta долги години ја дели правдата на фудбалските терени, а во 2019 година стана првиот албански женски судија кој судеше во рамките на Меѓународната фудбалска федерација.
Сè додека не станала професионалец, ги судела натпреварите на младинските тимови.
Руста беше многу популарна и на социјалните мрежи.
Меѓутоа неодамна одлучи да го избрише својот приватен Инстаграм профил и да се фокусира на својата кариера како фудбалски судија.
Затоа сега на нејзиниот Инстаграм можат да се најдат само службени фотографии.
Оние приватните се само дел од нечија сочувана лична архива.
Фото: Инстаграм принтскрин/rusta_emanuela/ приватна архива