Познатата поп икона Мадона на 16 август го прослави својот 64-ти роденден.
Нејзиниот живот е како филмско сценарио и доколку би се снимил филм врз основа на него, сигурно би доживеал невиден успех. Денешната поп икона Мадона започна од нула.
Всушност, не од нула туку од 35-те долари што ги имала во џебот.
Сепак, благодарение на талентот, среќата и скандалите, таа успеа да изгради кариера која ќе биде запишана како една од најголемите во историјата на музиката.
Освен по одличната музика, Мадона е позната и по бројни скандали. Поради нејзиното контроверзно однесување стекна слава, но и заработи милиони.
Мадона Луиза Вероника Циконе е родена во големо католичко семејство со италијанско потекло како едно од шесте деца, но идилата на нејзиното детство и растење нагло била прекината со смртта на нејзината мајка која боледувала од рак на дојка.
Мадона тогаш имала само пет години, а токму овој факт е една од најголемите трагедии кои дефинитивно го одбележаа животот на Мадона. Нејзиниот татко Силвио набрзо повторно се оженил за домашната помошничка, но Мадона никогаш не ја прифатила.
Прераната смрт на нејзината мајка, како и лошиот однос со татко и предизвикале неизлечив страв од загуба.
Мадона уште од рана возраст сакала да се разликува од своите врсници и се што прави оди во насока на истакнување на различностите и привлекување внимание кон себе секогаш кога е можно.
На почетокот на кариерата работела многу работи за да се издржува. Таа не се срамеше да работи како келнерка, а беше и танчерка на светската турнеја на Патрик Хернандез.
Тоа беше една од нејзините најдобри одлуки бидејќи ја донесе на сцената како пејачка или забавувач.
Мадона го живееше животот во потполност, а на крајот на 2019 година се појави вест дека Мадона стапила во нова врска со многу помлад маж.
Алемалек Вилијамс има 25 години и е професионален танчер. Аламалек работи со Мадона од 2015 година, кога ја придружуваше на нејзината турнеја. Тој е само две години помлад од најстарата ќерка на Мадона, Лурд. Очигледно е дека на кралицата на попот и се допаѓаат помлади мажи, па единствениот партнер кој бил постар од неа бил Ворен Бити.
Таа наиде на критики и поради честите посети на пластичен хирург. Последната фотографија предизвика вистинска лавина од коментари, бидејќи поп дивата изгледа целосно непрепознатливо.
Ова се само дел од скандалите кои ја одбележаа нејзината кариера, а многу религиозни организации ширум светот беа бесни на Мадона, бидејќи сметаа дека таа го исмева христијанството.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм/Мадона