Пејачката Сека Алексиќ, која меѓу другото е позната и како православна верничка која ги почитува христијанските обичаи, се осврна на еден од говорите во Белград, одржан против парадата на гордоста – Еуропрајд.
Сека Алексиќ се осврна на говорот во кој членовите на ЛГБТ популацијата беа нарекувани со погрдни имиња за време на поворката и изјави дека „не е христијанско да се суди“.
„Ако некој веќе се брани вака, со литија и икони, треба да ги знае основните работи, а тоа е да не судиш никому, за да не ти судат! Ако го сакаш Господ и се што создал, тогаш навистина сакај! Дозволете секој да ја добие својата шанса за покајание“ – напиша Сека Алексиќ на Твитер.
Ako se vec neko brani na ovaj nacin, sa litijom i sa ikonama, trebalo bi da zna osnovne stvari a to je da ne osudjujes nikoga da se tebi ne bi sudilo! Ako volis Gospoda i sve sto je stvorio onda zaista voli, dozvoli svakome da dobije svoju sansu za pokajanje… https://t.co/M0a4WpFc8C
— Seka Aleksic (@poslednjilet) August 15, 2022
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Сека Алексиќ/Твитер/Станислав Закиќ