Радио Милева го превоспита

Момче и фрли бакшиш на пејачката, а таа му одржа лекција:„Да научиш една работа“ (фото + видео)

Момче и фрли бакшиш на пејачката, а таа му одржа лекција:„Да научиш една работа“ (фото + видео)

Пејачката од  бендот  „Зана“ му одржа лекција на едно момче кое за време на нејзиниот настап и фрли бакшиш на бината.

Момчето од публиката фрли пари на пејачката Јелена Живановиќ на сцената додека таа пееше, а Јелена веднаш реагирала, па го качила момчето на сцена и му објаснила каква е разликата меѓу неа и пејачка во кафеана.

„Прво, треба да научиш една работа. Колку години имаш?“, го прашала пејачката кога го извадила на сцената.

„Тринаесет“, одговори тој.

“Тетките кои се занимаваат со ваква музика не земаат бакшиш. Знаеш? Не е важно, ти ги фрли овие пари овде за мене”, рече Јелена и ги подигна парите од бината за да му ги врати на момчето, но тој сакаше таа да ги задржи.

„Не, не, не, ова оди кај вас“, рече момчето.

„Кое бре, ти тоа ќе го однесеш кај некоја тетка во кафеана што ќе пее „Иде гас“… Земи ги овие пари и вети ми нешто, оди во Црвен крст, стави ги овие пари во кутијата и кажи дека ова е од Јелена. “, рече пејачката, се насмевна и му ги врати парите.

Фото:Принтскрин/malakokolina_jelena_zana

To top