Шминкерката Сандра Миљаковиќ и поранешната девојка на Виктор Живојиновиќ се вери, а сега таа објави и прекрасни фотографии.
Имено, свршувачката се случила на Малдиви, на плажа, а нејзиниот избраник одлично подготвил сè.
Тие наздравија со шампањ, додека на нејзината рака блескаше дијамантски прстен, па таа напиша:
„Секогаш твој. Секогаш моја. Секогаш наши“.
И додека сите мислеа дека Виктор ќе ја однесе Сандра до олтарот, со оглед на тоа што живееја заедно, сепак тоа не се случи. Да потсетиме, нејзиниот татко тогаш за Курир.рс изјави дека се пресреќни со потенцијалниот зет.
View this post on Instagram
– Го почитувам нејзиниот избор и ми се допаѓа Виктор, ми се чини дека е добро воспитан. Сè уште не сме го запознале, бидејќи Сандра не ни го донесе. Смета дека сè уште е рано за такво нешто и дека сè уште се млади да направат понатамошен чекор и јас го почитувам тоа. Таа е добро образована, секогаш беше одличен ученик, студент, примерно дете. Знае и да готви, скоро готвеше слатко – изјавил нејзиниот татко за „Курир“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/sandramiljakovic