Жељко Јоксимовиќ на 23 години првпат се ожени со Весна Јоксимовиќ со која ја има ќерката Мина, а со нејзините фотографии во костим за капење ги „запали“ социјалните мрежи.
За бракот на Жељко со Јована редовно се пишува, но во јавноста малку е познато дека поранешната сопруга на пејачот е вистинска убавица на чиј физички изглед би ѝ позавиделе многу млади девојки. Весна никогаш не сакала да се експонира пред медиумите, па се претпоставува дека тоа е причината поради која нејзината и ќерката на Жељко ретко објавува нивни заеднички фотографии.
На Инстаграм се појавија фотографии од Весна како ужива на плажа во црн костим за капење, а во прв план беше нејзината бујна биста. Таа позира насмеана, со напрчени усни, и со долгата црна коса фрлена преку рамениците.
Мина повремено знае да ги израдува своите следбеници со некои слики на кои позира со нејзината мајка, а многумина заклучија дека наследничката на пејачот ја наследила убавината од Весна.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/minajokssimovic/The_Vesna_009