„Инфлуенсери“ е насловот на првата самостојна изложба на Снежана Шумковска која вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Младинскиот култирен центар (МКЦ) во Скопје.
На изложбата Шумковска ќе се претстави со 18 слики на платно работени во комбинирана техника.
Изложбата во МКЦ ќе биде отворена до 24 август.
Снежана Шумковска е родена 1980 во Скопје, каде што завршува средно уметничко училиште и дипломира на Факултетот за ликовни уметности, педагошки отсек, насока сликарство.