На пејачката, која неодамна призна дека откако му го искршила автомобилот на бившиот, никогаш нема да си најде момче, наводно ѝ фрлил око еден богат Русин. Љупка Стевиќ беше во Црна Гора каде имаше настапи, но успеа да „зграби“ еден ден за сончање. Меѓутоа, таму наводно доживеала големо изненадување кога богат Русин за неа ја закупил целата плажа.
„Љупка неодамна беше во Црна Гора на работа. Таа отиде на два дена, буквално да работи на тезга, но успеа да зграби и малку време за себе. Следниот ден по настапот стана рано и отиде на приватна плажа. Немаше ниту една жива душа, но не и беше чудно затоа што беше многу рано. Сепак, и по еден час таа беше сè уште сама! Таа го праша работникот на плажа зошто сите лежалки околу неа се празни, а тој и откри дека Русин и ги изнајмил сите за да биде сама“, вели изворот, додавајќи дека Љупка е во шок и додава дека првата средба меѓу пејачката и Русинот наводно се случила дури вечерта.
“Љупка вечерта ја повикал пријател од Црна Гора па и кажал дека таа вечер мора да излезе со него во клуб. Кога стигнала таму го нашла и својот додворувач во сепарето! Русинот и се претставил и кажала дека многу му се допаѓа и дека сака подобро да ја запознае.Таа го прашала зошто не и пришол на плажата кога веќе и ја изнајмил, а тој и рекол дека имал деловен состанок што не можеше да го одложи. Тој рекол дека затоа на крајот, му се јавил на нивниот заеднички пријател од Црна Гора и го замолил да организира состанок во клубот“.
Друштвото беше навистина среќно таа вечер, но Љупка и Русинот не отидоа заедно во хотел!
“Таа ми кажа дека ништо не се случило меѓу нив, туку дека размениле броеви. Таа наутро веднаш се вратила во Белград, но наскоро повторно ќе отпатува за Црна Гора бидејќи има закажан термин. Кој знае, можеби богатиот Русин тогаш ќе успее да ја освои“, вели изворот.
Фото:Принтскрин/Љупка Стевиќ