Фолкерот Драган Којиќ Кеба во октомври ќе наполни 62 години, но веќе побрза да стане пензионер.
Имено, Кеба им се пофалил на пријателите дека документите ги доставил пред околу 15 дена за да го оствари правото на пензија. Но, бидејќи се уште нема старосна пензија, пејачот го исполнува вториот услов, а тоа се потребни годините стаж.
Месечно осигурување почнал да плаќа уште како млад, а кога пресметал дали го исполнува условот, веднаш отишол во Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување.
Извор близок до Кеба потврди дека тој едвај чека да ги заврши документите и да ја добие првата исплата, иако допрва ќе треба да чека решение.
Којиќ уште од мали нозе размислувал за иднината, па во сите изминати години не платил минимална сума, посочува соговорникот, туку напротив издвоил солидна сума за да не добие минималец.
Да потсетиме, фолкерот има огромна куќа на Бежанијска коса во која живее со сопругата, во која сè пука од луксуз, а дефинитивно Кеба нема да живее од пензија. Сепак, тој ќе се почести со своите пријатели кога ќе влезе во нивниот „пензионерски клуб“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Драган Којиќ Ќеба/Немања Николиќ