Алесандра Амбрсио за својот одмор годинава го избра црногорското приморје, каде моментално престојува со своите деца.
Бразилската убавица престојуваше во ексклузивен ресорт токму на брегот, кој и гарантира приватност, за да може да се опушти во мир.
Алесандра со ќерката Ања и синот Ноа ужива во водени спортови, а судејќи по насмевката на лицата на најмалите, изгледа дека Црна Гора многу им се допаѓа.
Покрај совршената линија на Алесандра, внимание го привлече и изборот на музика на заносната убавица. Имено, таа на „Instagram Stories“ сподели слики од одморот заедно со познатата песна на Бајага „Montenegro“.
Во духот на морето, како поинаку!
фото:Инстаграм