Пејачот Милош Бојаниќ го прослави 18-от роденден на својот внук Александар, но на забавата дојде три часа подоцна.
Бојаниќ пристигнал од Црна Гора само за да го прослави роденденот на Александар. Тој требаше да биде во свечената сала во 19 часот, но тоа не се случи.
Бидејќи пејачот не одговарал на повиците, сите биле загрижени дали се е во ред со летот, а особено биле загрижени бидејќи се знаело дека Милош не е во добра здравствена состојба.
По неколку пропуштени повици, Бојаниќ конечно одговорил на повикот и откри за што се работи. Имено, тој доживеал несреќа со својот багаж. Чантата му се изгубила на аеродром и пејачот со часови не можел да ја најде.
– Добро сум, доаѓам, но прво треба да си ја најдам чантата. Ова е вистински хаос овде! Ја нема никаде, ја барам два часа – им рекол Милош на загрижените новинари.
Фото:Принтскрин/Александрар Јовановиќ Циле