Радио Милева ги сака камерите

Овој пат оди на победа: Далила влегува во шестата сезона на „Задруга“ со поинаков договор (фото)

Овој пат оди на победа: Далила влегува во шестата сезона на „Задруга“ со поинаков договор (фото)

Далила Драгојевиќ еднаш победи во „Парови“, а во неодамна завршената „Задруга 5“ стигна до второто место во финалето.

Таа ќе биде меѓу учесниците и во следната, шеста сезона на „Задруга“, која започнува следниот месец.

– Овојпат Далила оди на победа во „Задруга 6“. Нејзиниот договор сега ќе биде поинаков, ќе добива повисок хонорар од оној во претходната сезона. Таа сега е во центарот на вниманието на јавноста, па реши да го искористи тоа – вели изворот.

– Навикната е постојано да биде пред камери, а и сега кога не е во реално шоу постојано ја снимаат, дава интервјуа, едноставно не може без тоа. Ограничениот простор во реалното шоу не и претставува проблем, таа е навикната на такви услови при учеството во неколку реални шоуа – додава изворот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Далила Драгојевиќ

To top