Јелена Ѓоковиќ никогаш не сакала да привлекува внимание кон себе, ретко дава интервјуа, уште поретко зборува за приватниот живот, но повремено ни дозволува да и се доближиме благодарение на блогот кој успешно го води со години.
Сопругата на Новак Ѓоковиќ во едно такво обраќање отворено призна со какви проблеми се справува и што најтешко постигнала.
‒ Долго време се мачам да кажам „извини“ кога е потребно и да прифатам дека не сум совршена. Откако тргнав на духовниот пат на внатрешен раст, почнав да сфаќам колку е важно да се извини – истакна Јелена и откри како научила многу лекции на патот да стане подобра верзија на себе.
Дополнително, Јелена рече дека е нормално да се греши, но дека треба и да се учи од нив.
‒ Моето разбирање за животот е дека ние сме тука да бидеме луѓе и да го покажеме тоа во секоја улога што ја преземаме. Како што стануваме помудри и постари, можеби ќе ги правиме работите подобро, но ќе продолжиме да грешиме. Треба да бидеме отворени за нови искуства во текот на животот. Ќе престанеме да правиме грешки само ако престанеме да пробуваме нови работи. Мораме да ги прифатиме страдањата и болката како процес на учење. Најкорисната вештина што некогаш ќе ја научиме е да се извинуваме и да учиме од сопствените грешки – заклучува Јелена во својот блог.
фото:Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ