Радио Милева животна судбина

Мина Костиќ откри непознати детали за нејзиниот живот: Живеела во сиромаштија, а една трагедија ја обележала за цел живот (фото)

Мина Костиќ откри непознати детали за нејзиниот живот: Живеела во сиромаштија, а една трагедија ја обележала за цел живот (фото)

Фолкерката никогаш не криела дека е дадена на посвојување, а нејзината животна приказна е исклучително тешка.

Мина Костиќ како дете живеела во трошна куќа со своите браќа и сестри. Во еден момент ја посвоила тетката, со која поминала добар дел од животот и која ја сметала за своја мајка, а тоа често го спомнувала.

Мина е родена како Минира Јашари, а нејзините родители Алија и Зоја, покрај неа, имале уште девет деца. Сите живееле во трошна куќа во населбата Ледине.

Мина била дадена на посвојување кога имала само пет години, а од тој момент живеела со Дуда Ивановиќ.

Трагедија уште повеќе и го отежна детството – кога се удавила нејзината сестра.

– Една од моите сестри се удави кога имаше тринаесет години… Многу тешко го поднесов. Тоа се случи во 1992 година. Кога и да размислувам, тешко ми е, но си велам, претпоставувам дека така морало да биде. Претпоставувам дека така сакал Господ. Тоа беше судбина – изјави Мина во едно интервју.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Мина Костиќ

To top