Поранешната „задругарка“ Александра Суботиќ доживеа емотивен бродолом кога нејзината најдобра пријателка Маја Маринковиќ го „киднапира“ нејзиниот невенчан сопруг.
Суботиќ не се двоумеше да ги објави своите провокативни фотографии и јавно да им покаже на сите колку се издигнала над ситуацијата.
Со оглед на тоа што одамна го доведе својот изглед и фигура до совршенство, таа често објавува слики во минијатурни костими за капење и пози кои го одземаат здивот на машката популација. Па, овој пат ниту поранешниот „задругар“ не остана имун на нејзиното тело.
Имено, Анѓело Ранковиќ по турбулентниот период со Далила Драгојевиќ и шпекулациите дека тој е нејзиното ново момче, како и раскинувањето со Сандра Решиќ, дефинитивно докажа дека всушност токму Александра му ја украла наклонетоста, кој без проблем ги лајкуваше најатрактивните слики на нејзиниот профил.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Александра Суботиќ