Радио Милева Во зависност од расположението

Не слушам народно, јас сум уметничка душа – хит изјава на Тања Савиќ која ќе се прераскажува (фото)

Не слушам народно, јас сум уметничка душа – хит изјава на Тања Савиќ која ќе се прераскажува (фото)

Пејачката Тања Савиќ изненади со изјавата дека она што го слуша приватно е сосема спротивно од она што го пее.

Имено, Тања изјави дека од сите соработки што ги имала, песната што ја издвојува како нешто посебно е „Златник“.

– „Златник“ некако направи револуција, тоа можам со сигурност да го кажам. Таа песна стана евергрин – изјави таа за „Гранд онлајн“ и додаде дека воопшто не слуша народни песни:

– Верувале или не, речиси никогаш приватно не слушам народни песни. Јас сум сестрана, но не секогаш, зависи од тоа во какво расположение ќе се разбудам. Еден ден, на пример, слушам Селин Дион или Витни Хјустон, а понекогаш ми доаѓа да ја слушам Верица Шерифовиќ или Шабан Шаулиќ. Чудна сум, но претпоставувам исто како и секоја уметничка душа – одговори Тања.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Тања Савиќ

To top