Малкумина знаат дека шармантниот и згоден актер и модел Кан Нергис е српски зет.
Тој две години е во брак со Србинката Јелена, а како плод на нивната љубов ја имаат и неколкумесечната ќеркичка.
Кан вели дека и тој самиот не знае како судбината успеала да го спои токму со Јелена, бидејќи шетал низ многу земји.
-По толку земји јас не знам како наидов на неа од Србија. Едноставно ни се вкрстија патиштата. Многу сум среќен што е така, вели Нергис.
Јелена е од Крагујевац, а со сопругот живеат во најелитниот дел на Истанбул. Тој додава дека Србија ја запознава секој пат одново и посетил многу места досега.
Погледнете го видео интервјуто кое го направи екипата на српската ТВ емисија „Експлозив“: