Радио Милева ги насмеа сите

„Ќе бидеш моја макар и во дом за стари лица“ – Цеца ги изненади сите со објава по раскинувањето со Богдан: Тој што ми го кажа тоа нека се подготви (фото)

„Ќе бидеш моја макар и во дом за стари лица“ – Цеца ги изненади сите со објава по раскинувањето со Богдан: Тој што ми го кажа тоа нека се подготви (фото)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ пред шест месеци ја раскина едногодишната врска со Богдан Срејовиќ и оттогаш често истакнува дека нема нов партнер.

Објавата на Цеца на социјалните мрежи предизвика лавина коментари, а особено се однесува на мажите.

Имено, на нејзиниот Инстаграм профил се појави цитат во кој, очигледно, таа се пронајде.

– Го молам тој што во младоста ми рече: „Моја ќе бидеш, макар и во старечки дом“, полека да се подготвува – пишува во приказната на Цеца.

Додала и емотикони кои „умираат“ од смеење, па веднаш започнаа коментари од обожавателите, на кои им се допаднал нејзиниот потег.

– Жените сакаат мачо мажи, во природата на жената е мажот да биде заштитник, а не кукавица – изјави еднаш Цеца за „Ексклузивно“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

To top