Македонскиот актер Митко Апостоловски почина на 67 годишна возраст.
Неговиот колега Петар Горко преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од него.
– Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.
Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).
Од 1995 година е повторно е член на ансамблот во Народниот театар во Битола.Театарската публика ќе го памети по неговите маестрални улоги: Фезлиев (“Црнила”), Војдан (“Тетовирани души се враќаат дома”), Креонт (“Медеја”), Дидро (“Развратникот”)…
Беше дел од актерската екипа и на познатите ТВ серии: “Наши години”, “Илинден”, “Белото циганче”, “Тврдокорни”…
Неговата актерска кариера ја одбележаа и бројни филмски улоги во:”Бог да ги убие шпионите”, “Заборавени”, “Големата вода”, “Трето полувреме”, “До балчак”, “Последниот македонец” и други.
Неговите пријатели, соработници и колеги се простуваат од него со емотивни пораки на социјалните мрежи…
фото:фејсбук/Јутјуб принтскрин