Популарната Кери од култната серија „Сексот и градот“ привлекува внимание каде и да се појави, а ниту овој пат изгледот на Сара Џесика Паркер не можеше да помине незабележано.
Имено, американската актерка, продуцентка и дизајнерка на чевли е фотографирана на популарното приморско одморалиште Хемптон во близина на Њујорк додека се релаксира на плажа со добра книга заедно со нејзиниот сопруг.
Таа се појави на плажа без шминка и со лежерна пунџа на главата, седа коса и едноставен црн костим за капење.
Сара изгледаше како повеќето жени во црн едноделен костим за капење, па на прв поглед веројатно нема ни да ја препознаете. Врз костимот таа облече туника во бохо стил, носеше плетена чанта за плажа и отиде да се сонча и да се одмори.
Жената од која секогаш се очекува да биде кралица на стилот покажа дека е горда на своите години и дека конечно сака да се опушти во животот, а како што и самата изјави за „Allure“, не разбира зошто луѓето трошат толку време размислувајќи за нејзината коса и изглед.
– Но, навистина не размислувам за тоа. Луѓето повеќе размислуваат за мојата возраст отколку јас. Кога излегувам, сакам да се чувствувам добро – според моите стандарди и тоа е единственото нешто што ми е важно… Едноставно не се грижам доволно за мислењето на другите – рекла Сара.
Фото:Принтскрин/Профимедиа