Катарина Шишмановиќ, поранешната српска водителка на шоуто „Се за љубов“, денеска има 38 години и откако се повлече од јавноста, води живот каков што би посакале повеќето жени.
Иако ја нема во медиумите, таа е многу присутна на социјалните мрежи, а последните години најмногу ужива во луксузните патувања низ светот.
За нејзиниот приватен живот одамна не се знае ништо но, познато е дека магистрирала политичка екологија на Факултетот за политички науки во Белград.
На јавноста и е познато дека имаше две бурни љубовни приказни. Таа по само една година брак се разведе од словенечки бизнисмен, а беше во врска со Горан Стаменковиќ, поранешниот сопруг на Ана Михајловски, за што тогаш често се пишуваше во медиумите.
За разлика од повеќето нејзини колешки и јавни личности, Катарина го одржува природниот изглед и нема направено пластични операции, а освен тоа е убава како што беше на малите екрани.
Важеше за една од најубавите водителки со најдолги нозе, а малкумина и денес не можат да останат имуни на нејзината убавина.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Катарина Шишмановиќ