Зоран Калезиќ, популарниот фолкер, со години се бори со опасната болест. Во интервју за „Балкан инфо“ тој истакна дека луѓето во Црна Гора и Србија се „гладни“ за пари, но тој, сфатил дека со пари не може да си го врати здравјето.
– Нема начин да се задоволи таа глад. Со текот на времето со очите си ја наводнав душата со убавина и сфатив што се парите. А што можам да купам со пари? Можам да купам неколку години живот. Се борам со овој канцер, можам да подобрам некоја терапија. Но, ништо повеќе. Не можам да се спасам – рече Калезиќ, а потоа објасни дека не знае за што служат парите и напомена дека не може да разбере како Црна Гора со 600 или нешто илјади жители не може добро да живее.
По големото и тешко животно искуство, кога се соочил со болеста и се обидел да најде решение, Калезиќ забележал како луѓето погрешно ги ценат работите во животот, а не прават разлика меѓу „среќа“ и вистинска среќа кога човекот е здрав.
Зборувајќи за односите меѓу луѓето, познатиот пејач вели дека не може да разбере што им се случило на луѓето за да бидат толку изманипулирани.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/АТА Имаџес