Кортни Кардашијан (43) и нејзиниот сопруг Тревис Баркер (46) постојано изненадуваат и оставаат многумина во шок со своето однесување. Откако Тревис излезе од болница, се чини дека му оди одлично, а парот се врати на вообичаените, многу неприфатливи навики.
Двојката беше фотографирана додека се шета на плажа, Кортни носеше свилен фустан, јакна и чизми додека Тревис носеше црни панталони, маица и тренерки. Ќе беше обична прошетка доколку парот не се одлучеше да „легне“, и да флертува, да се бакнуваа и да се препуштат на страстите пред сите присутни.
Ова не е прв пат да се однесуваат како распуштени тинејџери во јавноста. Поради ова често добиваат грди коментари, Но сепак, се чини дека сопружниците, критиките не ги интересираат.
Тревис на крајот на минатиот месец заврши во болница поради воспаление на панкреасот. На Тревис ненадејно му се слошило во нивниот дом, а набрзо пристигнала брзата помош и го пренела во болница.
Кортни беше мета на критики и по нивната венчавка поради нејзиниот скандалозен фустан, што ја натера публиката да каже: „Како да излезе од филм за возрасни“.
Фото:Принтскрин/Профимедиа